МакедонијаНајново

Две сообраќајки на експресниот пат кај Кр. Паланка: Со возило удрил во четворица полицајци кои вршеле увид во сообраќајка

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид на лице место на експресниот пат во близина на Крива Паланка, каде вчера едно по друго се случија две сообраќајни несреќи, инфорнираат од Обвинителството. 

-Имено, најпрво автомобил “фолксваген голф” излетал од патот и се превртел, при што животот го загубил еден од сопатниците во автомобилот. Неговиот син и возачот се здобиле со телесни повреди.

Јавниот обвинител ги презеде сите дејствија за обезбедување на доказите и за испитување на причините за несреќата, а за починатиот е издадена наредба за обдукција.

Но, додека на лице место се преземале дејствијата за увид, на обележаната локација влетал друг автомобил, кој најверојатно според првичните сознанија поради неприлагодена брзина удрил во паркирано возило и телесно повредил четворица полициски службеници кои го вршеле увидот. Во сообраќајната несреќа потешко повредена е и сопатничката во автомобилот.

Јавниот обвинител постапува и презема дејствија за испитување на причините и за оваа несреќа, велат од Обвинителството.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons