Македонија

Две лица се повредени откако воз удрил во комбе  

Вчера две лица биле повредени откако во нивното комбе удрил воз кој сообраќал на релацијата Скопје – Табановце на железничкиот премин во кумановското село Лопате.

„Несреќата се случила во 5.50 часот, кога локомотива удрила во патничко моторно возило комбе. Две лице се полесно повредени и пренесени се во Општа болница Куманово. Железничкиот собраќај е нормализиран во 09.45 часот и функционира редовно и без застој. Оштетено е само комбето, додека матерјална штета на пругата нема“, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) Куманово. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons