МакедонијаНајново

Две деца на кислородна поддршка во „Козле“

Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај најмладите во скопско Козле соопшти дека 10 деца се на интензивна нега, а меѓу нив две се ставени на кислородна поддршка.

Последните денови е забележан зголемен број на амбулантски прегледи и хоспитализации.

Во моменов се хоспитализирани 65 пациенти. Изминатата недела се регистрирани 1.412 случаи, што е за над 34 отсто повеќе во споредба со претходната.

Бројот на заболени во споредба со истиот период од минатата сезона е помал за 15,7 проценти. 

Најголемиот број на случаи се пријавени во Скопје. Очекувањата се пикот на грипот де биде во средината на февруари.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons