Два сребрени и еден бронзен медал за македонските теквондисти на „Плевен Опен 2025″
Исто така ме радува што имаме млади генерации кои ветуваат светла иднина за нашиот спорт и кои се пример за нивните генерации како треба достојно да се претставува нашата државата, изјави Марјанчо Лазаревски.
Македонска Традиционална Теквондо Федерација (МТТФ) изминатиот викенд учествуваше на меѓународниот натпревар за деца до 14 години „Плевен Опен 2025“ и освои три медали – два сребрени и еден бронзен.
Со сребро се закитија Христијан Шибакоски (спаринг/борби -40 кг кадети 12-13) и Кристијан Гагалески (спаринг/борби -30 кг кадети 10-11 години)
Бронза освои Теодор Ѓорски (спаринг/борби -40 кг кадети 10-11)
– Огромно задоволство ми е кога ќе видам како нашите млади натпреварувачи стануваат борци и уште од мали нозе даваат се од себе за да освојат медал од вакви квалитетни натпревари, пред се покажувајќи храброст и пожртвуваност од мали нозе, достојно претставувајќи и ги боите на Македонија. Исто така ме радува што имаме млади генерации кои ветуваат светла иднина за нашиот спорт и кои се пример за нивните генерации како треба достојно да се претставува нашата државата, изјави Марјанчо Лазаревски претседател на М.Т.Т.Ф.



