МакедонијаНајново

Двајца од Крива Паланка ќе одговараат затоа што спречувале инспектори од АХВ да ги товарат кравите

Двајца од Крива Паланка ќе одговараат кривично затоа што спречувале инспектори од АХВ да ги товарат кравите. 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Г.Ѓ.(58) и 17-годишник, двајцата од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.

На 4 март 2026 година, во два наврати во населбата Баглак и во селото Кошари, пријавените со употреба на физичка сила и упатување на закани спречувале службени лица од Агенцијата за храна и ветеринарство Скопје при заловување, товарење и транспорт на крупен добиток.

Долго време жителите на Крива Паланка се жалеа дека големо стадо крави им прави проблеми. Имаше снимки како кравите се движат во градот. 

Инаку, неколку грла преминаа во Бугарија. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons