Двајца насилници од Демиркаписко киднапирале момче од Неготино, му се заканувале со пиштол и го тепале
Двајца мажи од Демиркаписко киднапирале 21-годишно момче од Неготино, му се заканувале со пиштол и со остар предмет, го однеле на непозната локација и го натепале.
„На 12 април 2026 година во 16:45 и 18:40 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишија од слобода Б.М.(37) и Ќ.С.(30), двајцата од село Корешница, Демиркаписко, постапувајќи по претходна пријава дека тие со патничко возило ‘мерцедес’ со демиркаписки регистарски ознаки, противправно лишиле од слобода 21-годишник од Неготино, му се заканувале со пиштол и остар предмет, по што го однеле на непозната локација и физички го нападнале. Пиштолот и останати предмети биле пронајдени и одземени, а за настанот бил известен јавен обвинител. Б.М. и Ќ.С се задржани во полициска станица и по целосно документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави,“ соопшти полицијата.



