Дарио Ивановски постави нов национален рекорд на 10.000 метри
На денешната трка на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје во рамките од националниот Куп Дарио Ивановски постави нов национален рекорд на 10.000 метри.
Тој е првиот Македонец во нашата спортска историја кој успеа да истрча 10.000 метри на атлетска патека под 30 минути.
Времето на Ивановски на оваа трка беше 29:31.28 минути.
Претходниот рекорд исто така беше во сопственост на Ивановски остварен пред четири години (30:04.66).