Магазин

Данската убавица е новата Мис Универзум, Македонката Теа Ѓоргиевска не влезе во топ 30

Данката Викторија Кјаер (21) ја освои титулата Мис Универзум за 2024 година, со што на својата земја ѝ ја донесе првата победа на ова натпреварување за убавина. Круната на најубавата жена на светот, со аплауз на другите финалистки, ѝ ја предаде поранешната Мис УниверзумШенис Паласиос од Никарагва, пренесе Си-ен-ен.

Повеќе од 120 кандидатки учествуваа на 73. издание на овој избор за најубава жена на светот, меѓу кои и 21-годишната МакедонкаТеа Ѓоргиевска. За жал, нашата претставничка не успеа да се пласира меѓу 30-те финалистки.

Нова Мис Универзум во своето време обожава да танцува, а кариерно е претприемач и сака да стане адвокат.

Данката Викторија Кјаер, новата Мис Универзум / Фото: Инстаграм/Мис Универзум

За прва придружничка е избрана Чидима Адецина од Нигерија, втора придружничка Марија Фернанда Белтран од Мексико, а во првите пет убавици се пласираа Сушата Чуангсри од Тајланд и Илеана Маркез Педроса од Венецуела.

Педроса (28) влезе во историјата на натпреварот за најубава жена на светот како прва меѓу петте финалистки која е мајка. Имено, долги години имаше забрана да учествуваат трудници, мајки и мажени жени. Забраната беше тргната минатата година, потсетува Си-ен-ен.

Данката Викторија Кјаер, новата Мис Универзум / Фото: Инстаграм/Мис Универзум

За првпат во 72 години, колку што трае конкурсот, оваа година на конкурсот можеа да се пријават кандидати постари од 28 години, па така повеќе од десет финалисти беа постари од претходно дозволеното.

Малтанката Беатрис Нјоја е првата натпреварувачка во нејзините 40-ти што стигнала до големото финале.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons