Дали е подобро да спиете на една или две перници? Физиотерапевт открива од што тоа зависи
Ако не сте сигурни која перница ви одговара најмногу, посетете продавница и испробајте неколку различни. Земете ги в раце, почувствувајте го нивното полнење и цврстина. Прочитајте ја етикетата за да дознаете повеќе за дизајнот и намената на перницата, пишува „Рилсимпл“ (Realsimple).
Ако спаѓате во групата на оние кои во текот на ноќта постојано ја превртуваат или преместуваат перницата, не сте единствени – многумина се борат со несоница и неудобност додека спијат. Кога не можете да се сместите удобно и постојано се будите, ноќта станува долга, а денот уште подолг. Можеби изборот на перницата е виновен за сè? Или, можеби – двете?
Спиењето со две перници не мора секогаш да значи дека двете се под вашата глава, вели специјалистот за физиотерапија д-р Дара Шах. Некои луѓе ставаат перница помеѓу колената или под нозете за да го потпрат грбот или колковите.
– Перниците помагаат вашата глава да биде во вистинската положба, со што му овозможува на телото да се опушти. А кога телото е опуштено, спиете квалитетно. Најздравиот избор е оној што најмногу ви одговара – наведува д-р Шах, нагласувајќи дека нема универзален одговор на прашањето за перниците.
Еве неколку совети како да одлучите што е најдобро за вас.
Чекор 1: Пронајдете ја најдобрата перница
Сигурно ви се случило во хотел или кај пријатели да спиете подобро од кога и да е. Брзо и удобно сте се сместиле, телото ви било опуштено и сте можеле да се наспиење и одморите без постојано будење и превртување во креветот. Ако не спиете добро на вашата перница, можеби е време да ја замените.
– Некои луѓе претпочитаат помеки, додека други сакаат поцврсти перници. Разликата помеѓу нив навистина постои и вреди да се разгледа – вели физиотерапевтот.
Ако не сте сигурни која перница најмногу ви одговара, посетете продавница и испробајте неколку модели. Земете ги в раце, почувствувајте го полнењето и цврстината. Прочитајте ја етикетата да дознаете повеќе за дизајнот и намената на перницата. Размислете за материјали како што е мемориската пена или пердуви, како и за разните форми, и видете која најмногу ви одговра и ви обезбедува најголема удобност. Иако тоа може да ви одземе повеќе време, вашето тело ќе ви биде благодарно на трудот и времето вложено во изборот.
Перниците во форма на валјак често се препорачуваат за трудници поради подобрата поддршка.
– Кога ќе ја пронајдете совршената перница, полесно ќе одлучите дали ви е доволна една или, пак, ви требаат две. Ако вашата идеална перница е подебела и во форма на клин, веројатно една ќе биде доволна, а можеби ќе сфатите дека воопшто не ви требаат две. Но, ако преферирате помека и потенка перница, можеби ќе сакате да ставите две – советува д-р Шах.
Чекор 2: Размислете за вашата положба при спиење
Потоа, размислете за својата најудобна положба за спиење, за да одредите дали повеќе ви одговара една или две перници.
На пример, луѓето кои спијат на страна често избираат перница со средна цврстина – една подебела, удобна перница или две потенки, за главата да остане во линија со вратот.
– Ако спиете на стомак, веројатно повеќе ви годи помека и потенка перница. Некои дури спијат и без перница, но во повеќето случаи, најдобриот избор е оној што лесно се компресира и не врши притисок врз вратот. Затоа, за оние кои спијат на стомак, една тенка перница е сосема доволна – советува д-р Шах.
За луѓето кои спијат на грб, опциите се пошироки – на пример, можат да користат тенка перница под главата и уште една под колената, за да го олеснат долниот дел од грбот. Без оглед на положбата, важно е главата и вратот да имаат добра потпора, без дополнително оптоварување на рамената и мускулите.
– И на крајот, не заборавајте – на изборот на перница може да влијаат и болките во вратот, грбот или некои други здравствени состојби. Ако често се будите вкочанети или со болки, треба да се консултирате со физиотерапевт. Тие можат да ви помогнат да ја пронајдете најдобрата положба за спиење, но и да ви препорачаат перница што навистина ќе ви годи – вели порачува д-р Шах.