Дали го знаете вистинското име на Статуата на слободата во Њујорк?
Доколку некој ви каже дека би сакал да го посети споменикот „Слобода го осветлува светот“, веројатно ќе се замислите и ќе го прашате на кој споменик точно мисли.
Сепак, ако вашиот соговорник одговори дека мисли на жената што држи факел во рака и ги поздравува жителите на Њујорк и нивните гости, брзо ќе сфатите дека тоа е официјалното име на Статуата на слободата.
Овој далеку познат споменик е изработен во Париз, а Французите го подариле на Американците за 100-годишнината од нивната независност кон крајот на 19 век.
Статуата е создадена од Фредерик Бартолди, ентериерот со својата железна конструкција е изграден од компанијата на Густав Ајфел, кој влезе во историјата благодарение на истоимената кула.
Во еден момент, нејзината изградба запрела поради финансии, но сепак била завршена. На 28 октомври 1886 година, била свечено откриена на устието на реката Хадсон.
Свечената церемонија на отворањето била предводена од тогашниот американски претседател Гровер Кливленд.
Со текот на времето стекна огромно симболично значење, бидејќи стана првиот симбол на Соединетите Американски Држави што го здогледуваат имигрантите што пристигнувале со брод во Соединетите Американски Држави кон крајот на 19-от и почетокот на 20-от век.
Статуата е висока 46 метри, но со постаментот се издигнува до 93 метри. Тежи повеќе од 200 тони, а на главата носи круна со седум краци, инспирирана од круната на Колосот од Родос, едно од седумте антички светски чуда.
Поради нејзиното големо значење од 1984 година се наоѓа на списокот на Светското наследство на УНЕСКО.



