Актуелно

Грејна криза, пелети може да нема за 45.000 домаќинства 

Над 45.000 семејства во Македонија се во опасност да останат без греење по одлуката на Владата да ја ограничи цената на вреќа пелети на 6,5 евра. Компаниите кои го увезуваат производот одбиваат да го продадат својот производ по оваа цена.

„Во моментов откупната цена од Турција се движи од 27,5 до 31 денар за килограм, додека Владата вели дека треба да го продаваме за 27 денари. Не можеме да продаваме по овие цени. Се наоѓаме во апсурдна ситуација во која не можеме да функционираме. Крајниот резултат, за жал, ќе биде многу брзо да нема пелети на пазарот“, изјави Владимир Стојановски, претседател на здружението Биомак.

Бидејќи Македонија е зависна од увозот на овој производ, компаниите од секторот предлагаат укинување на ограничената цена и враќање на мерката за ограничување на комерцијалната маржа од 10 проценти.

Министерот за економија Крешник Бектеши оценува дека ограничувањето на цената е разумно бидејќи нивните податоци покажуваат дека фирмите во октомври увезувале пелети за 24 денари за килограм

„Министерството за економија ја донесе оваа одлука откако ја доби анализата изготвена од Министерството за земјоделство и шумарство на Македонија и постапи според нивните предлози. Според овие анализи, цената за увоз на еден тон пелети во октомври изнесувала 22.430 денари“, нагласи тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons