Актуелно

Гренел, пријателот на Мицкоски на висока позиција на Балканот

Ричард Гренел, е номиниран од новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за претседателски пратеник за специјални мисии, а ќе се занимава и со Балканот. Ова носи позитивни индикации за нашата држава знаејќи дека Гренел е личен пријател на премиерот Мицкоски.

Една од клучните личности која привлекува внимание е Ричард Гренел, блискиот соработник на Трамп, кој ја посети Македонија и се сретна со премиерот Христијан Мицкоски. При таа средба се разговараше за можни американски инвестиции во енергетиката на Македонија, што за македонската влада претставува значаен чекор кон продлабочување на економските релации. Гренел важи за влијателна личност, а ова може да ѝ помогне на македонската влада и премиерот.

https://www.reuters.com/world/us/trump-picks-richard-grenell-envoy-special-missions-2024-12-14/

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons