Граници до Истанбул: Вака би изгледала Југославија ако се реализирал тајниот план на Тито
Добар дел од луѓето денес со носталгија се сеќаваат на Југославија и сметаат дека тогаш живееле посигурно, додека други сметаат дека Југославија била вештачка креација што насила со децении се обидувала да држи во заедница народи што тешко можеле да бидат споени.
Но којзнае каква судбина би имала Југославија ако се реализирал помалку познатиот план на Јосип Броз Тито.
Фото: Houseofhesse
Некои историчари сметаат дека Тито сакал уште поголема, помоќна Југославија, која не би била само регионална сила, туку и светска.
Според експертите, Тито сакал да создаде интегрална Југославија, која би ги вклучувала подрачјата околу Југославија: Грција, Тракија, Албанија, Бугарија, еден дел од австриската Корушка, како и целата италијанска провинција Фурланија-Јулијска краина.
Меѓу приврзаниците на југословенскиот иредентизам биле монархистите и републиканците во ерата пред создавањето на Југославија, во 1918 година.
Можеби најчудно на оваа карта е тоа што како дел од Југославија се наведени и Бугарија и Албанија.
Сепак, се наведува дека политичкото движење Звено во Бугарија ја поддржувало идејата за вклучување на Бугарија и Албанија во заедничка држава на јужните Словени. Самото движење соработувало во државниот удар во Бугарија во 1934 година. Движењето барало сојуз со Франција и вклучување на Бугарија во Југославија. Дури и британската влада по Втората светска војна ја поддржала идејата за создавање на Голема Југославија.
По Втората светска војна, Тито објавил дека Југославија ги полага правата на Трст и цела Каринција, вклучувајќи ја и австриската Корушка.
– Ја ослободивме Корушка, но меѓународните услови беа такви што моравме привремено да ја напуштиме. Корушка е наша и ние ќе се бориме за неа – порачал Тито.
Освен тоа, се појавила интересна мапа што прикажува како СФРЈ би изгледала доколку би се реализирале плановите на Тито, во два случаи:
– Ако неговата визија ги вклучувала Албанија и делови на Романија и Грција, вклучувајќи го и Солун;
– Ако Бледскиот договор помеѓу Тито и Димитров вклучувал интеграција на Бугарија во заедницата на југословенските земји.