МакедонијаНајново

Градежниот сектор се соочува со недостиг на кадар

Градежниост сектор во Македонија се соочува со сериозен недостаток на работна сила.Сопствениците на грдежни компании велат дека се помалку има работници,бидејки оние со кои работеле со години заминуваат на работа во Хрватска или Италија.Слична е состојбата и во охридско-струшкиот регион.

„Ние имавме минатата година 15-20 луѓе кои работеа со години кај нас и заминаа од државата и имаме недостаток“, рече Шериф Кадриоски-сопственик на градежна компанија.

„Ние имавме доволно работници.Ние повеќе од 20 години функционираме како фирма и 20 години градиме. Досега нашиот крај немаше проблем со работна сила, мајстори и работници. Сега е веќе сосема друга ситуацијата. Недостатокот е огромен. Имаме една група која со нас е подолго време но и таа се растура. Сите гледаат да одат на Запад во Италија, Германија,Швајцарија и остануваат тие кои мора да останат заради родителите. Над 40-50 години се и тие се тие кои ја носат работата.Јас 40 години сум оперативец, ваква ситуација не била“, рече Лазе Попоски-управител на градежна компанија.

Од новата Влада бараат поедноставување на процедурите за носење на странски работници, но и подобрување на условите за добивање на кредити и градежни дозволи.

„Тоа се барање од градежниците континуирано години уназад.не е тоа нешто ново сега.Но во секој случај административните работи сите се трудат да се намалат да може побрзо да се вадат дозволи“, нагласи Шериф Кадриоски-сопственик на градежна компанија.

Но и оние кои доаѓаат, Македонија им е само е отскочна даска за други поплатени дестинации. Заминуваат многу често без најава оставајки ги сите документи, велат газдите./Алсат.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons