МакедонијаПолитика

Гоцевски: Изградба на нови главни потисни цевководи за вода за пиење за селата Вирче, Град, Стамер, Ѕвегор, Полето и Очипала 

Драги сограѓани,

Денеска имавме плодна средба со жителите на селото Вирче и селото Град.

Овде очекувањата од жителите се навистина огромни.

Причината е јасна.

Овие жители биле заборавени од сегашната локална власт на СДСМ во Делчево.

Но, драги сограѓани ова нас навистина не нè плаши.

Затоа овде од срцето на село Град можеме да ветиме проекти од нашата предизборна програма, Вистинскиот избор за Делчево!

Изградба на нови главни потисни цевководи за вода за пиење за селата Вирче, Град, Стамер, Ѕвегор, Полето и Очипала. Поврзување на селските водоводни мрежи на главниот доводен цевковод од брана Лошана и реконструкција на главниот потисен цевковод за вода за пиење за селото Габрово.

Јас сум Иван Гоцевски, прочитајте ја мојата програма и направете го Вистинскиот избор!

Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!

Линк од видео материјал:
https://youtu.be/rvDTRtyIeTs

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons