Гори и од скопската страна на Скопска Црна Гора попладнево
Уште еден пожар на отворен простор попладнево избувна на делот од Скопска Црна Гора кој гледа кон градот, а од претходно денеска гори голем пожар и кај селата Никуштак и Орланци, на страната од планината кон Липковско.
Таму, локалните власти побараа да интервенираат и противпожарните авиони.
Засега нема информации од ЦУК и од ДЗС околу новиот пожар во близина на Скопје.
