Актуелно

ГОРИВАТА ПО ПОЛНОЌ СО НОВИ ЦЕНИ, ќе поскапат и бензините и дизелот 

Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука со која се зголемуваат цените на нафтените деривати во просек за 1,22 отсто во однос на претходната одлука.

– Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,235 отсто, кај дизелот за 1,219 проценти, кај екстра лесното масло за 2,791 отсто и кај мазутот зголемување за 1,845 проценти.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,021 отсто – соопштуваат од РКЕ.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 денари за литар, додека малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се зголемува за 0,50 денари за литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,722 денари за килограм и сега ќе изнесува 41,988 денари за килограм.

По полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин Еуросупер БС – 95                          82,50 (денари/литар)

Моторен бензин Еуросупер БС – 98                           84,50 (денари/литар)

Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V)                           78,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)                    78,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                               41,988 (денари/килограм).

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons