Горивата поевтинуваат од полноќ
Минимално поевтинуваат сите горива од вечерва на полноќ, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
ЕУРОСУПЕР 95 поевтунува за 0,5 денари и ќе чини 74,5 денари по литар. Цената на ЕУРОСУПЕР 98+ се намалува за 0,5 денари и од утре ќе се продава по цена од 76,5 денари по литар. Поевтинува и цената на ЕУРОДИЗЕЛ исто за 0,5 денари и ќе се продава за 65 денари по литар.
Поевтинува и цената на екстра лесното масло за домаќинство од 68 на 67,5 денари. Цената на мазутот бележи зголемување за 0,4 денари, односно од утре ќе изнесува 37,9 денари по килограм.