Спорт

Гордо го вее македонското знаме во Грција: Младата Миа Танеска се врати со златен медал од „Кинг оф Таеквон-до“ 

Со еден златен и пет бронзени медали се враќаат нашите најдобри таеквонсисти од Меѓународниот Таеквон-до ИТФ А класа натпревар „10 Кинг оф Таеквон-до“, кој се одржа во Солун, Грција.

Боите на Република Македонија ги бранеа осум натпреварувачи, кои се бореа со некои од пријавените 1.239 таеквондисти од 17 земји од светот. Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација ја претставуваа три официјални лица, 2 национални тренери и натпреварувачи од клубовите: „Хва Ранг ИТФ“ од Лескоец, Охрид, „Мастер“ од Охрид, „Сонкал“ од Мислешево, Струга и „Ахилиус“ од Скопје.

Миа Танеска која е една од нашите помлади натпреварувачки, која само пред неколку дена наполни 12 години и влезе во повозрасна категорија, кадетки 12-13 години. Иако најмлада во категоријата, таа докажа дека вреди во неа да се вложува, повторно искачувајќи се највисоко на пиедесталот, со пет победи освојувајќи го златниот медал во форми, и со две победи над домашни претставнички, освојувајќи бронзен медал во борби. Со освојувањето на двата медали во две дисциплини, го доби и пехарот за најдобра кадетка во категоријата 12-13 години. Теодора Митреска, која се натперварува во категорија У-18 години, освои две медали и во форми и во борби, освојувајќи два бронзнени медали. Во сениорска конкуренција со медали не закитија Божидар Димитриевиќ и Марио Крстески освојувајќи бронзени медали. На Христијана Парулеска поради повреда на коленото, не и’ беше дозоволено да се бори од страна на докторската екипа. Одлично се претставија сите наши натпреварувачи, посебно Давид Крстески и Владимир Димитриевиќ, демонстрирајќи домаинантни борби над домашните претсавници, но за жал судиите им ги одзедоа победите, инфомираат од Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација.

Освојувачи на медали:

– Миа Танеска – пехар за најдобра кадетка 12-13 години, 1 место, злато форми 6-4 куп девојчиња 12-13 години, 3 место, бронза борби девојчиња 12-13 години +55 кг.

– Теодора Митреска – 3 место, бронза борби младинки У-18 години -58 кг, 3 место, бронза форми 4-1 куп, младинки У-18 години

– Божидар Димитриевиќ – 3 место, бронза борби сениори 18-34 години -92 кг

– Марио Крстески – 3 место, бронза борби сениори 18-34 години -58 кг.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons