Гордост македонска: Бронзен медал за Катерина Попева на Светското Првенство во Токио во бодибилдинг
Бодибилдерката од Македонија, Катерина Попева со нов успех за крај на годината.
По освоените два бронзени медали на Светскиот Куп 2024 во Санта Сузана, од Токио каде се одржа Светското првенство IFBB 2024 – сениори, се врати со освено трето место и бронзен медал.
Катерина го подобри својот минатогодишен резултат на Светското Првенство за 2024 година. Минатата година таа заврши на седмата позиција.
Оваа година Светското првенство се одржува од 16 – 19-ти декември во Токио, Јапонија.
Дека Катерина е во животна форма, покажа нејзиниот пласман на третото место освоено на Светскиот Куп кој се одржуваше во Санта Сузана, Шпанија. Во исклучително силна конкуренција застана на победничкиот пиедестал освојувајќи го третото место и бронзениот медал.