Спорт

Гордост за македонскиот спорт: Алексовска е трета на светската ранг-листа на ММА

Македонската ММА репрезентативка Даниела Алексовска се искачи на третото место на светската ранг-листа во јуниорска конкуренција (до 52,2 кг), според најновото рангирање на Меѓународната ММА федерација (ИММАФ).

Овој историски успех претставува значајно достигнување за македонскиот спорт, особено за Алексовска и нејзините тренери, Ивица Алексовски и Стефан Пецевски, кои се дел од клубот „Д’ Стронгест“. Даниела го освои златниот медал на Европското првенство 2025, станувајќи , што ѝ донесе драгоцени поени на светската ранг-листа.

Во текот на изминатата година, Алексовска учествуваше на десет борби, остварувајќи осум победи. Нејзините најзначајни успеси во 2024 година вклучуваат бронзен медал на Светското првенство во Ташкент, Узбекистан, и сребро на Европското првенство во Белград, Србија. Иако се натпреварува во ММА помалку од една година, веќе е меѓу најдобрите борци во светот.

Нејзината примарна боречка основа е бразилската џиу-џица (БЏЏ), каде што досега има освоено 120 медали, од кои 93 златни. Таа е 12-кратен национален и балкански шампион во овој спорт.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons