Голот на Миовски против Лихтенштајн избран за втор најатрактивен во првото коло од квалификациите за СП
Македонската репрезентација славеше победа во првото квалификациско коло против Лихтенштајн со 3:0, а еден од стрелците на тој натпревар беше и напаѓачот на Жирона, Бојан Миовски.
Миовски во листата на стрелци се запиша во финишот од средбата кога ги постави конечните 3:0 и тој гол на македонскиот голгетер е избран за втор најубав во првото коло од квалификациите за Светското првенство.