Голем пожар на товарен брод покрај брегот на Индија, 4 членови на екипажот се водат како исчезнати
Индиската крајбрежна стража продолжува со напорите за гаснење на голем пожар на товарен брод што плови под знамето на Сингапур во Арапското Море, покрај брегот на јужната држава Керала.
Бродот, кој се движел кон индискиот град Мумбаи од Коломбо, Шри Ланка, во понеделникot пријавил експлозија во контејнер, што предизвикала голем пожар на бродот, објави Би-Би-Си.
Осумнаесет членови на екипажот беа спасени, додека четворица сè уште се водат како исчезнати. Сингапур испрати тим да помогне во спасувачките напори.
Индискиот национален центар за услуги за океански информации (INCOIS) издаде тревога за брегот на Керала поради можно излевање на нафта и остатоци од бродот.
Видеата објавени во вторникot покажаа големи облаци чад што излегуваат од бродот додека индиската морнарица и крајбрежната стража се обидуваа да го изгаснат пожарот.