Големо поскапување: Маслото за јадење „Брилијант“ ја зголеми продажната цена
Директорот Коста Ташков за МИА денеска објави дека зејтинот „Брилијант“ ја зголеми цената на маслото за јадење од 115 на 135 денари.
Со ова поскапување се изедначува цената на зејтинот со онаа на останатите македонски производители.
Според него, новото сурово масло кое е набавено од Бугарија, Романија и Украина чини околу 2.200 евра за еден тон, а пред три до два месеца суровото масло на светските берзи се движело од 1.200 до 1.500 евра за тон.
Ташков смета дека во моментов кризата со зејтинот се смирува поради увозот од Србија и апелира граѓаните да не прават залихи.