Голема полициска акција, синоќа биле уапсени 10 лица и поранешен градоначалник на Општина Центар
На скопскиот аеродром синоќа бил приведен Владимир Тодоровиќ, поранешен градоначалник на скопската општина Центар и сопственик на ланецот маркети Тинекс. Во акцијата се приведени уште 10 лица поврзани со предметот на поранешното СЈО Око, дознаваме од неофицијални извори.
На граничниот премин Табановце утрово бил приведен и поранешниот претседател на Советот на Општина Центар Владимир Здравев.
Неофицијално овие приведувања се поврзани со проектот Скопје 2014, односно поради сомневања за перење пари при набавка на опрема за мостот Око.