МакедонијаНајново

Гласаа врховните судии и судиите од скопското апелационо подрачје – КОИ СУДИИ  ЌЕ СЕДНАТ ВО СУДСКИОТ СОВЕТ 

На изборите право на глас имаа вкупно 236 судии, односно 16 врховни судии и 220 судии од Основните судови во Скопје, Велес, Кавадарци, Неготино, Гевгелија, Куманово, Крива Паланка и Кратово, како и судиите од Управниот и Вишиот управен суд, кои вчера до 15 часот требаше да  го дадат својот глас. Портпаролката на Судскиот Совет, Гордана Дувњак, за весникот ВЕЧЕР информира дека резултатите од гласањето на судиите ќе пристигнуваат „сукцесивно“ до Судскиот совет.

Врховните судии и судиите од скопското апелационо подрачје денеска избираа двајца нови членови на Судскиот совет.

На изборите право на глас имаа вкупно 236 судии, односно 16 врховни судии и 220 судии од Основните судови во Скопје, Велес, Кавадарци, Неготино, Гевгелија, Куманово, Крива Паланка и Кратово, како и судиите од Управниот и вишиот Управен суд, кои денеска до 15 часот требаше да  го дадат својот глас.

Портпаролката на Судскиот Совет, Гордана Дувњак за весникот ВЕЧЕР информира дека резултатите од гласањето на судиите ќе пристигнуваат „сукцесивно“ до Судскиот совет.

-По затворањето на избирачките кутии ќе се направи записник и ќе се пребројат гласовите. Потоа изборниот материјал се носи во Судскиот совет каде што се евидентираат гласовите и ќе се објават прелиминарните резултати. По истекот на роковите за приговори и одговори, резултатите стануваат конечни. Избраните кандидати добиваат уверение и полагаат свечена заклетва пред Собранието, изјави Дувњак.

Единствениот кандидат за местото во Судскиот совет од редовите на врховните судии е Наќе Георгиев, кој беше во фокусот на јавноста, поради тоа што против него се водеше постапка за утврдување на одговорност во периодот додека бил претседател на Апелациониот суд – Штип, но на почетокот на јули на затворена седница Судскиот совет реши да ја запре постапката против него.

Останатите двајца на кандидати од листа за скопското апелационо подрачје и од управните судови се двајца кандидати, судијата од Основниот суд Кавадарци, Лазар Нанев и Антонета Димовска, судијка на Граѓанскиот суд Скопје.

Мандатот на избраните членови  во Судскиот совет трае шест години со право на уште еден избор, додека на претседателот на Врховниот суд и на министерот за правда со престанок на функцијата им престанува и мандатот во Советот.

Тројцата кандидати треба да ги пополнат двете места во Судскиот совет, после оставките на судиите Мирјана Радевска-Стефкова од Врховниот суд и Зоран Герасимовски од скопска Апелација.

Тие во образоложението на своите оставки, рекоа дека имаат разидувања во ставовите и во идеологијата.

Оставките на двајцата членови на Судскиот совет,  беа поздравени од Коалицијата сите за правично судење, која врши мониторинг на македонскиот правосуден систем од каде ги „охрабрија“ и другите членови на Советот да поднесат оставки.

-Се надеваме и ги охрабруваме и останатите членови на Судскиот совет да поднесат оставки како би можело понатаму да се изберат нови членови на ова тело кое ќе биде легитимно во извршување на своите надлежности согласно Законот, соопштија од Коалицијата сите за правично судење.

Минатата недела, евроамбасадорот во земјава, Дејвид Гир, најави дека Европската Унија ќе испрати   мисија за оценка  на  работата на Судскиот совет, кој  изминатиов период се соочува со  критики од домашните експерти и од меѓународниот фактор, кои кулминираа со скандалозното разрешување на претседателката Весна Дамева.

-Судскиот совет треба да игра многу значајна улога. Тој треба да ја штити и промовира независноста, професионализмот и интегритетот на судството. Тое е неговата работа. Јасно е дека не го прави тоа. Неодамнешните случувања се многу загрижувачки, истакна евроамбасадорот Гир.

Претходно и холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп информира дека Холандија ставила во мирување голем проект, поврзан со Судскиот совет, кој станал нелегитимно тело.

Судскиот совет е составен од 15 членови, од кои осум члена на Советот ги избираат судиите од своите редови, петмина се избираат во Собранието, од кои двајца предлага Претседателот на државата, а по функција членови на Советот се и претседателот на Врховниот суд и министерот за правда.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons