Гир: Амбициозната цел за членство во ЕУ во 2030 година зависи од вашите залагања, неопходни се реформи
Владата изјави амбициозно дека ќе се приклучи на Европската унија во 2030 година. Успехот или неуспехот на оваа амбициозна одлука ќе зависи од вашите залагања. Пристапот кон ЕУ треба да биде национален проект, целиот политички спектар треба да се заложи за националните интереси и за спроведување на реформите поврзани со ЕУ, а реформите во правосудството се неопходни и тоа ургентно.
Ова го истакна амбасадорот на ЕУ во државава Дејвид Гир во обраќање на Петтата пленарна сесија на Националната конвенција за Европската Унија во Северна Македонија (НКЕУ-МК).
– Ова не значи дека опозицијата треба да престане да работи, нејзината улога за преиспитување на прашањата на политиките е од витално значење, но мора да постои сигурност дека земјата ќе продолжи на својот пат кон пристапување кон ЕУ со ист чекор на спроведување на реформите без оглед на тоа која Влада е на власт, рече Гир.
Тој потенцира дека по предолго чекање, земјата на 19 јули конечно ги отвори пристапните преговори и започна со билатералниот скрининг во однос на примената на европските пракси утврдувајќи ги јазовите во законодавството, кој треба да утврди што уште треба да се стори, кој треба да го стори, дали имаме капацитети и кој ќе ја спроведе и примени оваа законска рамка. Добрите вести се дека скринингот се одвива добро, но и дека пристапниот процес е национален проект.
Пристапот кон ЕУ, нагласи тој, треба да е национален пороект кој Владата треба да го предводи, а во кој процес треба да бидат вклучени сите грѓани, деловната заедница, граѓанското општетство како и мобилизирањето на сите ресури на државата. Овој процес на трансформација на земјата значи примена на реформите на терен без кои не може да се соберат бенефициите од членството, а без заложби за реформите, процесот на пристапување не може да напредува, порача Гир.
Тој ја нагласи и улогата на НСЕИ во пропцесот на реформи, кој рече, треба да се подготви за долги денови и ноќи затоа што терба да го води суштинскиот процес. Ја истакна меѓу другото и улогата на локалните власти, бидејќи 70 проценти од спроведувањето на законите на ЕУ потпаѓа на локалните заедници, но и на медиумите кои, според него, имаат посебна одговорност да бидат информирани за да информираат врз основа на највисоките етички и професионални стандарди.
– Фокусот е на спроведување на реформите што ви престојат. Земјата треба да обезбеди стабилност, просперитет и отчетност дури и во вакви тешки времиња со крвавата војна во соседство со се поскапите цени за живот и енергенси. Дали патот до ЕУ е едноставен – се разбира не, дали ќе има пречки – да, дали ќе има превирања – да. Меѓутоа, разбирањето на оваа тема не е едноставно, рече Гир.
Во однос на темата на првата сесија „Основите на европската интеграција: Владеење на правото и спроведени реформи“ евроамбасадорот изрази разочарување од случувањата во последните месеци.
-ЕУ потроши милиони во овој сектор. Ние и граѓаните со право треба да очекуваат дека тоа ќе генерира резултати. Да, но тоа не е доеолно, а настаните во изминатите месеци беа многу разочарувачки. Постои потреба повторно да се заложиме за реформите. Владата го предводи овој процес, меѓутоа и Парламентот треба да ги следи во ова. Реформите се неопходни и тоа ургентно. Имаме одговорност да покажеме професионализам што го очекува јавноста преку судскиот совет, преку праводусните органи за затоа што ЕУ ќе го следи овој процес од првиот ден до денот на пристапувањето, порача Гир.
Тој посочи дека истото се однесува и за корупцијата, и праша зошто препораките на ДКСК не се проследуваат систематски.
-Дали имаме причини да бидеме оптимисти. Емпатично кажано – да. Патот на земјата напред е тежок, но веќе сте напреднале во рефгорми во важни области, а во други сте дури и понапред од земји кои преговараат за челнство во ЕУ. Степенот на потешкотии понекопгаш може да се чини дека е преобемен но и други држави покажале дека е тоа возможно. Пример се Словенија или Хрватска, како позитивен модели, потоа балтичките држави како и Словачка која великодуишно ја поддржуав Националната конвенција. Но ресурите што постојат во вашата земја се важни и за ЕУ и за меѓународната јавност. Ние ќе бидеме со вас на секој чекор на овој пат не само на зборови, туку со издржана поддршка, верувам дека ќе успеете. Сметаме на вашето партнерство и пријателство на вашиот пристапниот пат како што и вие можете да сметате на нашето, порача евроамбасадорот Гир.