Спорт

Германија го исфрли европскиот првак, Хрватска со доста мака до полуфинале

Се затвори кругот и познати се сите четири полуфиналисти на Еврпското првенство, но останува уште да се одредат паровите во борбата за финале.

Германија слави во дербито на денот против Франција (38-34) и со тоа се пласира меѓу четирите најдобри во шампионатот. Оваа победа ги исфрли „триколорите“ од сите математики, па тие немаат шанса ниту за петтото место. Ова за нив значи дека за следниот Мундијал ќе играат квалификации.

Во групата шанса да се избори за третото место има Норвешка, меѓутоа треба да ја добие Данска со шест гола разлика.

Хрватите сериозно се измачија, ама ја победија и елиминираа Унгарија (27-25). Иако долго време бркаа негатива против физички силните Унгарци, на крајот избраниците на Дагур Сигурдсон стигнаа до победата во драматична завршница.

Дури, Хрватска во полуфиналето оди како првопласирана селекција со бод повеќе од Исланѓаните.

Доколку не се случи сензација Данска во полуфиналето би играла со Исланд, а Хрватска би одела на мегдан против Германците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons