Свет

Генералниот секретар на ОН: Илузија е ако мислите дека паничното купување горива ќе го реши проблемот 

Паничното купување горива и производството на јаглен, нафта и гас поради војната во Украина е илузорно решение, смета генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш.

Многу земји сакаат да го зголемат своето производство на фосилни горива за помалку да зависат од руските резерви. Но, Гутереш смета дека таквото размислување е погрешно и дека набавката на јаглен само ќе ги зголеми „заканата од војна, загадувањето и климатските катастрофи“.

Кажа дека обновливите извори на енергија се всушност мировниот план на 21 век.

Гутереш на шестиот австриски самит во Виена повторно ги прозва земјите поради нивната зависност од фосилните горива.

„Вашите национални планови за намалување на емисиите на јаглерод едноставно не се доволно добри“, кажа шефот на ОН.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons