Актуелно

Гардијан направи истражување за загадениот воздух во Европа, најлошо е во Македонија 

Kaко што објави Гардијан, околу 98 отсто од Европејците дишат загаден воздух, а најтешка е ситуацијата во Македонија.

Околу 400.000 смртни случаи годишно се поврзани со загадениот воздух.  Европа се соочува со „тешка криза во јавното здравје“, при што речиси сите на континентот живеат во области со опасни нивоа на загадување на воздухот, се наведува во анализата на британскиот весник.

Речиси две третини од луѓето во земјава живеат во области со повеќе од четирипати повеќе од насоките на СЗО за PM2.5, додека во четири области е откриено дека имаат загаденоста на воздухот е речиси шестпати поголема од препораките, вклучително и во главниот град, Скопје.

Податоците  откриваат дека речиси сите жители во седум држави во источна Европа – Србија, Романија, Албанија, Македонија, Полска, Словачка и Унгарија – имаат најмалку двојно повеќе нечист воздух од насоките на СЗО. Mакедонија со години има проблем со високо аерозагадување. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons