Свет

Вучиќ: Јас вечерва ја завршив кариерата

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва по седницата на Генералното собрание на Обединетите нации, на која се гласаше Резолуцијата за геноцидот во Сребреница, изјави дека „ја заврши кариерата и дека многу работи нема да му простат“, пишува Нова.рс.

„Вечерва ја завршив кариерата овде. Нема да ми простат многу работи, ова беше клинец во ковчегот. Направив се, тие направија се за да не понижат, а ние се искачивме на височините. Не можам да го кажам тоа победивме затоа што тие такви постапки, но на сите им е јасно каков е резултатот“, рече Вучиќ во обраќањето пред новинарите во Њујорк.

Вучиќ рече дека наводните проценки на оние кои ја предложиле Резолуцијата се дека повеќе од 110 земји ќе гласаат за неа, а ќе има околу 45 воздржани.

Тој им се заблагодари на сите земји кои гласаа против и воздржани за време на гласањето.

„Огромна благодарност до унгарските браќа, тие се единствените кои беа против во нашата средина, но и благодарност до Словачка, Грција и Кипар кои беа воздржани и покажаа пријателство кон Србија“, рече Вучиќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons