Свет

Вучиќ: Нема да има ниту преодна, ниту експертска влада, тоа ви го гарантирам со својот живот 

Нема да има ниту преодна, ниту експертска влада, ви гарантирам со мојот живот дека ќе има српска влада, изјави вечерва српскиот претседател Александар Вучиќ, кој на митингот во Трстеник истакна дека се што се случува во Србија е директен обид на странски разузнавачки агенции за соборување на земјата.

Избори се можни, референдуми се можни, демократија е можна, сè, но нема да има влада на слуги сервилни на никој друг. Нема да го гледате тој филм додека сум жив и претседател на оваа држава, рече Вучиќ, додавајќи дека идејата за експертска влада му ја презентирал „значаен странец“, кој го посетил по оставката на премиерот Милош Вучевиќ.

Вучиќ изјави дека планот на владата е да разговара со сите, вклучително и со оние кои мислат поинаку од неа и дека како претседател, откако ќе биде констатирана оставката на премиерот Милош Вучевиќ, ќе ги повика сите парламентарни партии на разговор, иако знае во однапред дека нема да дојдат.

Студентите протестираат со месеци и не учат, нема да разговараат со нас, ниту со обвинители, но ние сакаме и секогаш ќе ги каниме, рече Вучиќ, повторувајќи дека државата им ги исполнила сите барања, а вчера им ги исплатила стипендиите и ратите на студентски кредити.

Вучиќ ги повика и универзитетските професори „да не ги закопуваат главите во песок“, туку да разговараат со својата држава, бидејќи немаат резервна.

„Време е да започнеме дијалог и да ги решиме проблемите на најбрз и најдобар начин и тоа е мојата искрена понуда. Не сакате со мене, имате министри колку сакате, не сакате со нив, има со кого, само да одиме да ги решиме проблемите за нашите деца да одат на училиште“, рече првиот човек на државата.

Ни требаат млади кои ја претставуваат иднината, а не оние кои ќе знаат помалку од нас, потенцира тој.

Државата ќе ги толерира додека не посегнат по насилство, а се се понервозни затоа што „Шефот Шолак“ ја продава фирмата и додека не ја продаде, мора да изврши револуција во Србија и да прибегне кон насилство, тврди Вучиќ.

Пуштете ги, ние нема да одговориме со насилство и ќе помине ова злобно време кога талогот ќе излезе на површина и ќе помисли дека треба да се вратат на власт, рече тој, повторувајќи дека задачата на владата е да понуди дијалог и разговор, иако знае дека нема да биде прифатено.

Вучиќ рече и дека неговата порака до граѓаните и странците е дека нема да има компромис за прашањето за државно-правниот статус на Србија.

Косово е Србија, нема санкции за пријателите, колку и да бараат, а Србија нема да им ја дадеме на оние кои ја ограбуваа од 2000 до 2012 година, рече тој.

Вучиќ ги наброја економските успеси на владата, која од 2012 година ја води Српската напредна странка, особено нагласувајќи дека Србија е на прво место во регионот според просечната плата, па дури и ги достигнала оние кои имале 50 отсто поголема заработувачка.

Тој изрази загриженост дека странска кредитна агенција би можела да го повлече инвестицискиот кредитен рејтинг на Србија поради актуелната ситуација, додавајќи дека тоа нема да биде случај и дека утре наутро ќе има попрецизни информации.

Вучиќ најави дека идната недела ќе се префрлаат пари за фабриката „Прва Петолетка“ и додаде дека државата ќе се занимава со компанијата во финансискиот и деловниот сегмент, за работниците редовно да ги добиваат платите.

При обраќањето на насобраните во салата, на извиците „Претседателе, те сакаме“, Вучиќ одговори – „И јас те сакам“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons