Вучиниќ за првпат во кариерата стана селектор
Фудбалската федерација на Црна Гора го назначи поранешниот напаѓач на Јувентус и легенда на црногорскиот фудбал Мирко Вучиниќ за нов селектор.
За Вучиниќ ова ќе биде прв селекторски предизвик, а досега работеше како помошник во стручниот штаб на црногорската репрезентација.
Вучиниќ е првиот капитен и стрелец на првиот гол на Црна Гора како самостојна држава. Вучиниќ ќе има договор до крајот на годината и ќе го води тимот на квалификациските натпревари против Фарски Острови, Гибралтар, Хрватска и Лихтенштајн.
Преземено од: Спорт.ком.мк