МагазинНајново

Времето денес сончево со зголемена облачност кон крајот на денот 

Денес утрото студено, преку ден сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува и во текот на ноќта ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -2 до 5°C, а максимумот од 13 до 20°C.

Утре не очекува слично време, утрото ќе биде студено, а преку денот се очекува сончево време со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува и во текот на ноќта ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од јужен правец.

Минималните температури ќе се движат од околу -3°C до 5°C, додека максималните дневни температури ќе достигнат меѓу 12°C и 20°C.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, која ќе се зголеми кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons