Временска прогноза за денес и утре – ќе ви треба чадор, но не и шал и ракавици
Времето во Македонија денека ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд и дневни температури од 5 до 13 Целзиусови степени. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од јужен правец.
Во Скопје, променливо облачно со услови за повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.
Утре времето ќе биде променливо облачно кон крајот на денот со повремени локални врнежи од дожд и дневни температури од 8 до 13 степени. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.



