МакедонијаНајново

Вработените во управата за матични книги во среда на протест пред министерството за финансии 

Во среда со блокада пред Министерството за финансии Независниот синдикат на матични книги на протест.

По рокот кој го имаа од Синдикатот, Министерството не одговори дали  има пари за исполнување на барањата, кои претходно беа усогласени со Министерството за правда, а се однесуваат на отпремнини, исплата на К-15 во висина од 60 проценти од просечната плата и работа во сабота.

Тој вели дека не му е јасно како и покрај тоа што над 70 отсто од вработените во Управата штрајкуваат и не се издаваат документи никој не ги повикува на разговор. 

Според Ристески, барањето на Сојузот на синдикати за зголемување на платите за 2.806 денари нема да го реши проблемот имајќи го предвид порастот на инфлацијата.

Штрајкот на вработените во Управата за матични книги трае повеќе од еден месец, а документи се издаваат само во итни случаи.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons