Во Средоземно Море сега има пет американски разурнувачи
Соединетите Американски Држави распоредија пет разурнувачи со капацитети за противракетна одбрана во источниот дел на Средоземно Море. Ова го потврди официјален претставник на американската морнарица за УСНИ њуз, додека Иран продолжува да возвраќа на ракетните напади врз Израел.
Меѓу распоредените бродови се УСС Арли Бурк (ДДГ-51), УСС Томас Хаднер (ДД
116) и УСС Саливенс (ДДГ-68), кои се оперативни во источниот Медитеран од понеделникот. Во меѓувреме, разурнувачите УСС Пол Игнатиус (ДДГ-117) и УСС Оскар Остин (ДДГ-79), кои вообичаено работат од базата во Рота, Шпанија, исто така пристигнаа во Медитеранот.
Сите овие бродови се опремени со системот „стандард мисајл 3“(СМ-3), кој им овозможува да откриваат и пресретнуваат балистички ракети. Во март минатата година, САД го користеа СМ-3 за прв пат во борбена ситуација за да пресретнат иранска балистичка ракета.
Покрај бродовите распоредени во Медитеранот, САД имаат уште два разорувачи – УСС Форест Шерман (ДДГ-98) и УСС Тракстон (ДДГ-103) – активни во Црвено Море.
Противракетните разорувачи се дел од европскиот стратегиски систем за фазен адаптивен пристап, чија цел да ја заштити Европа од можна иранска ракетна закана.
Во последните денови, Иран испука повеќекратни ракетни напади врз градови како Хаифа, Бер Шеба, Тел Авив, Азор и други локации во централен Израел. Според извештајот на израелските медиуми, неименуван американски разорувач и системот ТХААД на американската војска во Израел учествувале во пресретнувањето на најмалку еден ирански ракетен напад. Покрај бродовите распоредени во Медитеранот,