Во Словенија падна снег (ФОТО)
По минувањето на студен бран, температурите во Словенија паднале доволно ниско за највисоките врвови во земјата да добијат јулска снежна покривка. Снежната граница се спуштила на околу 2.200 метри надморска височина, објави словенечката агенција за животна средина (АРСО).

На снимките од надзорните камери во Кредарица и Канин јасно се гледа првиот јулски снег, а на највисоката метеоролошка станица на Кредарица во 10 часот се измерени 0 Целзиусови степени.