Актуелно

Во разорниот земјотрес во Турција повредени двајца ученици од Македонија 

Двајца учениците од Македонија се повредени во разорниот земјотрес од 7,7 степени според Рихтеровата скала , кој рано утрово го зафати југоистокот од Република Турција.

Повредените ученици биле дел од вкупно 9 наши државјани – 8 ученици и нивен наставник кои престојувале во Турција преку програмата „ Еразмус плус“.

Но, ниту еден од учениците и менторот не се во животна опасност, соопштија од Министерството за надворешни работи.

„Како последица од земјотресот, двајца од учениците се здобиле со телесни повреди. Едниот ученик е по потешки повреди- скршеница на која во моментов работат  медицински лица и е во фаза на санирање. Додека вториот ученик е со полесни повреди“ – соопшти министерството за надворешни работи.

Од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, велат дека учениците заминале во Турција преку нивната Агенција за образовни програми.

Дипломат од македонската амбасада во Анкара веќе е упатен во регионот за да помогне во евакуацијата на учениците од градот Кахраман Мараш, како и да обезбеди информации и директно присуство на терен во најзагрозените делови , за евентуални дополнителни интервенции, велат од МНР.

До сега нема информации за други наши државјани кои се наоѓаат во загрозена состојба, или на кои им е потребна асистенција.

Но, нашите претставништва остваруваат постојана комуникација со надлежните институции на Турција и со наши граѓани, за информации околу состојбата на терен, дополнуваат од МНР.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons