Во Преспанското езеро запленети над 1100 метри мрежа и околу 100 килограми риба
Денеска во периодот од 00.20 до 07.00 часот е спроведена координирана акција на полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при ОГРМ, БЈБ во соработка со Државниот инспекторат за земјоделие и концесионерот на езерото во водите на Преспанското езеро.
Loading...
При акцијата се пронајдени 22 рибарски мрежи во вкупна должина од околу 1100 метри, со околу 100 кг улов.
Мрежите и уловот се подигнати и предадени на Државниот инспекторат за земјоделие за понатамошна постапка.