Македонија

Во последните пет години бројот на судии во сите судови во земјава се намалил за дури 25 проценти

Во последните пет години бројот на судии во сите судови во земјава се намалил за дури 25 проценти, додека бројот на јавни обвинители на државно ниво за овој период е помал за 8 проценти, стои во истражувањето кое го спроведе Коалицијата сите за правично судење, а кое има за цел да ја утврди состојбата со справувањето на човечките ресурси во судовите и јавните обвинителства. Состојбата е поалармантна кај судовите, а сето тоа резултира со драстично зголемување на бројот на заостанати предмети.

„Со ова истражување се утврди и дека имаме зголемување и на бројот на предмети. Значи генерално земено во судовите и во јавните обвинителства. Е сега, исто како и претходно, кај судовите ова зголемување е над 80 отсто, значи над 80 отсто е зголемен просечниот број на предмети кои ги имал судијата во март 2020 година со март 2024 година„, рече Лејла Тутиќ, правен истражувач во Коалиција сите за правично судење.

Кај јавните обвинители пак зголемувањето на просечниот број на работа во последните пет години е помал и изнесува 15 проценти. Покрај состојбата со недостигот на судии и јавни обвинители, истражувањето утврдило и дека во обвинителствата и судовите недостигаат и стручни судски и стручно јавнообвинителски службеници, над две третини од овие места не се пополнети. Најчеста причина се ниските примања.
„Мора да се зголеми финансискиот надомест на име плати за овие позиции за да едноставно огласите што се објавуваат да бидат атрактивни и да имаме кандидати кои ќе се пријавуваат на овие огласи, а согласно тоа тековно да се врши ревидирање на тие износи за да тие износи бидат усогласени со порастот на животниот стандард„, додаде Лејла Тутиќ, правен истражувач во Коалиција сите за правично судење .

Во делот на препораките во истражувањето, се сугерираат итни мерки во делот на зголемување на Академијата за судии и јавни обвинители за таа да може да продуцира повеќе кадар и тоа преку обезбедување на потребните финансиски, просторни и технички ууслови за тоа. Исто така, истражувачите препорачуваат и буџетот за овој сектор да се обезбеди согласно законски предвидениот минимум, за да се обезбедат средства и услови за зголемување на бројот на судии и јавни обвинители./Алсат.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons