Свет

 Во Мексико за првпат граѓаните преку гласање ќе избираат нови судии

Граѓаните на Мексико денеска првпат гласаат за избор на судии и магистрати. Тие од 7.700 кандидати треба да изберат вкупно 2.600 судии и магистрати, меѓу кои и девет судии во Врховниот суд, пренесува Њујорк Тајмс.

Изборите на судиите се дел од судската реформа, иницирана од претходниот претседател на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор, што ја продолжи неговата наследничка Клаудија Шејнбаум. Според нив, со тоа што граѓаните гласаат за судиите ќе помогне за искоренување на корупцијата во несовршениот судски систем.

Мексико и Боливија се единствените земји во светот што одржуваат судски избори на национално ниво, иако судските избори во американските сојузни држави се вообичаени, како и гласање за локални швајцарски судии.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons