Во Македонија се пријавиле 181 лице за гласање на бугарските избори в недела
Вкупно 181 граѓанин се пријавени за гласање на бугарските парламентарни избори во Македонија. Сите ќе гласаат онлајн, а според податоците од Централната изборна комисија, најмногу се пријавени во Прилеп – 46.
Од вкупниот број пријавени, во Генералниот конзулат во Битола ќе гласаат 8 лица, во Велес се пријавени 42, во Кавадарци 45, во Охрид 7, во Прилеп 46, во Амбасадата на Бугарија во Скопје се пријавени 9, во Струмица 22 и во Штип двајца.
Во амбасадата во Скопје и во генералниот конзулат во Битола ќе гласаат и вработените и пријавени бугарски граѓани.
Инаку, најмногу бугарски граѓани за гласање се пријавени во Турција – 26.019, а потоа во Велика Британија и Северна Ирска – 4.875. Во Албанија, пак, каде што Бугарија тврди дека има големо бугарско малцинство за гласање се пријавени 245 лица.