Во Македонија интернет користи 92,1 отсто од населението

Во првото тримесечје од 2025 година, 92,1 % од вкупното население во земјава на возраст од 15 до 74 години користеле интернет, а 91,2 % од домаќинствата имале пристап на интернет од дома, објави Државниот завод за статистика.
Во истото тримесечје, 79,1 % од вкупното население на возраст од 15 до 74 години користеле интернет неколкупати во текот на денот, а 60,3 % направиле онлајн нарачка или купопородажба во последните 12 месеци.
При користењето на ИКТ во домаќинствата и од поединците, најголемо учество од 93,2 % имаат телефонирањето преку интернет/видеoповиците (веб-камера; апликации – Skype, Facetime, Messenger, WhatsApp, Viber, Snapchat).
Пораки, пак, најмногу се испраќале преку Skype, Messenger, WhatsApp, Viber.