Во кругот на „клиника“ пронајдено лице во безсознание кое подоцна починало
На 01.08.2024 во 09.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје бил пронајден во безсознание Ж.Ј.(61) од с.Марена, кавадаречко, на кого му била пружена лекарска помош и по кратко време починал.
Од страна на лекар констатирана била смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.