Магазин

Во која фаза бананата е најдобра за јадење?

Бананите се едно од најпопуларните овошја во светот. Тие даваат енергија и имаат позитивен ефект врз срцето и варењето на храната. Ако сте се прашувале во која фаза бананата е најздрава, ќе ве израдува сознанието дека секоја фаза на зреење носи сосема поинаков хранлив профил, пренесува британскиот весник Експрес.

Како што бојата на бананата се менува од зелена во шарено кафеава, нејзиниот вкус и здравствените придобивки значително се менуваат. Клучниот процес е претворањето на скробот во шеќери – гликоза, фруктоза и сахароза. Затоа, секоја фаза нуди различни предности.

Зелени банани

Во раните фази на зрелост, бананите се богати со отпорен скроб, вид на јаглехидрати што телото потешко ги вари. Зелените банани имаат малку горчлив вкус и служат како одлична храна за корисните цревни бактерии.

Тие содржат околу 3,5 грама влакна и само 10 грама шеќер на 100 грама, што ги прави идеални за подобрување на варењето и стабилизирање на нивото на шеќер во крвта. Сепак, бидејќи се погусти и потешко се варат, се препорачува постепено да се воведуваат во исхраната.

Зеленкасто-жолти

Бананите кои се во преодна фаза од зелена во жолта боја нудат најдобра комбинација на калиум и растителни влакна со умерена количина на природни шеќери. Со околу 2,5 грама растителни влакна на 100 грама, тие помагаат да се спречат ненадејни скокови на шеќерот во крвта.

Гастроентерологот д-р Саураб Сети, образован на Харвард, истакнува дека калиумот во бананите помага во функцијата на нервите и одржувањето на срцевиот ритам.

Жолти банани со дамки

Како што бананата зрее понатаму и станува целосно жолта, содржината на влакна се намалува, додека сладоста и мекоста се зголемуваат. Ваквите банани се богати со витамини Ц и Б5, кои го поддржуваат здравјето на кожата и метаболизмот, и се одлични за брз наплив на енергија.

Оние со кафеави дамки содржат уште повеќе витамини и антиоксиданти, но и околу 17 грама шеќер на 100 грама. Поради високата содржина на шеќер и ниската содржина на влакна, тие се совршени за подготовка на десерти.

Па, која банана е најздрава?

Иако секоја фаза на зрелост има свои предности, зеленкасто-жолтите банани се сметаат за најздрав избор. Поради избалансираниот однос на влакна и калиум и умерената слаткост, тие претставуваат најдобра опција за повеќето луѓе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons