МакедонијаНајново

Во изминатото деноноќие 28 пожари, активни се три 

Активни се три пожари на отворен простор од евидентирани 28 на територијата на државава во изминатото деноноќие, под контрола се пет, а 20 се изгаснати.

Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во општините Василево, Радовиш и Берово, поточно во село Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските Планини, во прилепското село Бешиште, на место викано Бешишки Рид, друг крак кон село Градешница во општина Новаци и трет крак кон границата со Грција.Од ЦУК велат дека не се интервенира поради детонации.

Активен пожар има и во селата Царевиќ, Смолани, Радобил и Дрен во општина Прилеп, како и во Галиште и Трстеник во општина Кавадарци.

Под контрола се пожарите во селото Грешница, помеѓу селата Црешево, Локвица и Крапа во општина Македонски Брод, помеѓу селата Драгоево и Селце во општина Штип, во селото Јунузлија во општина Карбинци, како и селото Ќосевица во општина Македонска Каменица.

МИА

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons