ВОНPEДНА ВЕСТ: ПОЖAPOT ПРЕДИЗВИКА 3АТВОРАЊЕ НА ПАТИШТАТА И ЕВЕКУАЦИЈА НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО МОНТАНА
Пожарот што синоќа избувна во западна Монтана се прошири на 2000 хектари и ги принуди властите да го евакуираат населението и да ги затворат патиштата.
Според локалните медиуми, пожарот избувнал синоќа во близина на градот Елмо во близина на езерото Флетед.
Еден од началниците на локалната противпожарна единица наредил евакуација на околу 30 куќи во близина на Елмо.
Во извештај на Министерството за транспорт на Монтана се вели дека автопатот меѓу Хот Спрингс и Елмо е затворен.
Мрежата Ен-би-си јави дека во моментов гори трева и ниска вегетација, предупредувајќи дека огнената стихија брзо се движи кон блиските шуми.
Во гаснењето на пожарот учествуваат канадери и хеликоптери.