ВОНРЕДНА ВЕСТ: Роџер Федерер попладнево го шокираше светот!
Роџер Федерер и официјално објави дека наредната седмица ќе ја заврши својата професионална кариера, со настап на Лејвер купот.
Швајцарецот подолго време беше надвор од терените, не успевајќи да се врати во топ-форма по серијата незгодни повреди и операции. По долго размислување, тој и дефинитивно реши да се збогува од спортот врз кој остави толку силна трага низ годините.
„Веќе имам 41 година. Тенисот ми даде многу повеќе од она за што сонував, но факт е дека моето тело повеќе не успева да ги издржи напорите. Затоа, принуден сум да му кажам збогум на тенисот, барем на официјалното играње на АТП-турнирите. Мојот настап на Лејвер купот следната седмица ќе ми биде последен во кариерата“, објави Федерер.
Роџер Федерер останува запаметен како еден од најдобрите тенисери на сите времиња, со дури 20 освоени гранслем трофеи (шест на Австралија Опен, еден на Ролан Гарос, осум на Вимблдон и пет на УС Опен).