ВОНРЕДНА ВЕСТ: Исчезна бебе на скопските клиники, родителите тврдат дека бебето исчезнало и никој не знае каде се наоѓа во моментов
Исчезнато е бебе на Универзитетска клиниката за детски болести. Моментално таткото на детето е во полиција на распит за целиот овој случај, по што подоцна ќе бидат откриени повеќе информации, пренесува Сител.
Родителите тврдат дека откако бебето било пренесено на Детската клиника, исчезнало и никој не знае каде се наоѓа во моментов.
Родителите на детето тврдат дека последен пат го виделе на 16 ноември, но допрва ќе треба да се анализира целиот случај.
Од МВР велат дека се проверени сите оддели на Клиниката за детски болести и дека немаат дете кое недостасува. Допрва треба да се утврди дали ова бебе навистина било овде хоспитализирано и дали недостасува.
Од Клиниката за гинекологија и акушерство пак велат дека неколку месеци претходно немало такво породување, но тие повторно ќе направат проверка за овој случај со што ќе произлезат со повеке информации.